сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Коровешовска: Јавно Владата и Комисијата да објаснат зашто само два медиуми беа присутни на прес-конференцијата, во спротивно очигледна е цензура и режим

Коровешовска: Јавно Владата и Комисијата да објаснат зашто само два медиуми беа присутни на прес-конференцијата, во спротивно очигледна е цензура и режим

Имавме прилика да видиме на прес-конференцијата на Комисијата денеска со македонските копреседавачи кои одговараа на две прашања од два медиума едниот е Телма, другиот медиум е Тв21. Со должна почит кон колегите од медиумите, Владата да објасни зошто се одговараа само прашања од овие два медиума, кој го правеше изборот за овие медиуми и зошто беше онезможено останатите медиуми да бидат присутни и да поставуваат прашања.

Ова го истакна новинарката од Алфа телевизија, Искра Коровешовска, вечерва во емисијата која ја води.

Коровешовска вели дека непропорционално биле присутни три бугарски медиуми и само два македонски медиума.

-Се надеваме дека ќе добиеме одговор од Владата за ова, во спротивно постои цензура или режим за тоа кои медиуми можат да присуствуваат на таквите прес конференции и кои можат да поставуваат прашања, потенцира новинарката Коровешовска.

Коронавирус