петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Коронавирусот зема уште 6 жртви во Македонија: Починатите на возраст од 51 до 75 години

Коронавирусот зема уште 6 жртви во Македонија: Починатите на возраст од 51 до 75 години

Коронавирусот минатиов зема уште 6 жртви од Македонија.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, кои беа заразени со коронавирус.

Првата регистрирана жртва во изминативе 24 часа е пациент на 58 години, хоспитализиран на Клиниката од 19 април. Почина  и 63 – годишен пациент на болничко лекување од 9 април. И двајцата биле приклучени на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица. Двајца од нив се пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април. Почина и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април.

Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на Ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден, посочуваат од Министерството.

Најнови вести

Коронавирус