среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 32
home Вести

Коронавирусот зема уште 4 жртви од Македонија, најмладиот имал 47 години

Коронавирусот зема уште 4 жртви од Македонија, најмладиот имал 47 години

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица заразени со коронавирус.

Првата жртва е 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста.

На истата клиника почина и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.

Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

ЕУРО 2020

Македонија