петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 42
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Коронавирусот зема 753 жртви од Македонија, се заразиле вкупно 18.602 лица

Коронавирусот зема 753 жртви од Македонија, се заразиле вкупно 18.602 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-98, Куманово-11, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-2, Струга-9, Велес-3, Битола-5, Охрид-5, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-12, Кичево-1,Неготино-2.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.

Коронавирус