среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 121
home Вести

Коронавирусот зема 683 жртви од Македонија, млади лица меѓу починатите!

Коронавирусот зема 683 жртви од Македонија, млади лица меѓу починатите!

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417,  бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г).

Најнови вести

Коронавирус