недела, 20. септември 2020. Вести денес: 50
home Вести

Коронавирусот зема 652 жртви од Македонија, се заразиле вкупно 15.827 лица – еве колку активни случаи има во секој град

Коронавирусот зема 652 жртви од Македонија, се заразиле вкупно 15.827 лица – еве колку активни случаи има во секој град

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6326, активни 540

• Куманово 1605, активни 190

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1205, активни 72

• Прилеп 562, активни 133

• Тетово 1304, активни 117

• Струга 627, активни 63

• Велес 288, активни 18

• Битола 245, активни 47

• Охрид 395, активни 58

• Кавадарци 202, активни 30

• Гостивар 856, активни 93

• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 103, активни 44

• Крива Паланка 83, активни 38

• Радовиш 52, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 189, активни 53

• Пробиштип 95, активни 18

• Демир Хисар 60, активни 1

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 73, активни 30

• Валандово 11, активни 3

• Виница 94, активни 29

• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 309, активни 19

• Кичево 290, активни 29

• Ресен 153, активни 6

• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Коронавирус