вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Коронавирусот зема 606 жртви од Македонија, заразени вкупно 14.762 лица

Коронавирусот зема 606 жртви од Македонија, заразени вкупно 14.762 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14762,  бројката на оздравени пациенти е 11965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2191.

Министерството за здравство вчера информира дека во последните 24 часа се направени 1756 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-17, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-11, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-6, Берово-4, Виница-3, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-3.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 6013, активни 744
  • Куманово 1513, активни 281
  • Дебар 259, активни 30
  • Штип 1169, активни 112
  • Прилеп 498, активни 131
  • Тетово 1234, активни 119
  • Струга 583, активни 55
  • Велес 275, активни 28
  • Битола 215, активни 39
  • Охрид 347, активни 35
  • Кавадарци 186, активни 48
  • Гостивар 805, активни 157
  • Гевгелија 55, активни 30 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
  • Струмица 73, активни 22
  • Крива Паланка 52, активни 16
  • Радовиш 45, активни 7
  • Крушево 17, активни 1
  • Кочани 155, активни 28
  • Пробиштип 85, активни 15
  • Демир Хисар 60, активни 3
  • Македонски Брод 74, активни 8
  • Пехчево 30, активни 24
  • Берово 65, активни 52
  • Валандово 9, активни 2
  • Виница 79, активни 31
  • Делчево 81, активни 68 (20 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 21, активни 5
  • Свети Николе 297, активни 48
  • Кичево 275, активни 45
  • Ресен 146, активни 0
  • Неготино 46, активни 7 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција го презентираше протоколот за установите за згрижување и воспитување деца, а министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска уверува дека установите се подготвени на 9 септември да ги примат децата согласно здравствените протоколи.

Шахпаска на прес-конференцијата во Владата информираше дека сите установи во земјава согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а интерес за згрижување досега покажале родители на 14 555 деца.

Доколку градинките согласно критериумите од протоколот можат да згрижат повеќе деца од приоритетните, тогаш ќе може да се прифатат и други деца кои се запишани во градинката. Согласно протоколите, групите до 2 години треба да имаат максимум шест деца за кои ќе се грижат двајца вработени, а групите од три до 10 години најмногу 15 деца за кои ќе се грижат двајца вработени.

Препораката од Владата е општините да обезбедат или адаптираат и дополнителен соодветен простор ако за тоа има потреба, како и соодветен кадар со цел да се обезбеди непречено функционирање.

Според министерката Шахпаска, доколку во една градинка е исполнет капацитетот, тогаш детето може да биде згрижено во друга градинка каде има слободно место, но само во истата општина.

Од друга страна, течат и подготовките и консултациите и за почеток на учебната година за основните и средните училишта. Најавени се работни состаноци со сите градоначалници во земјава со цел да се изнајде најоптималното решение.

– Имаме доволен период, имајќи предвид дека се одложи стартот на учебната година за 1 октомври. Очекувам дека ќе се изнајде оптимално решение на ниво на цела држава, изјави вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој воедно е и претседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Локални избори 2021