сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 12
home Вести

Коронавирусот зема 302 жртви од Македонија

Коронавирусот зема 302 жртви од Македонија

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Во изминативе 24 часа се починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56г).

Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка од Скопје (56г).

Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71г) и во Прилеп пациент на 83 години.

 

Коронавирус