петок, 23. јули 2021. Вести денес: 161
home Вести

Коронавирусот зема 265 жртви од Македонија, шест лица починаа во последниве 24 часа

Коронавирусот зема 265 жртви од Македонија, шест лица починаа во последниве 24 часа

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.

Во изминативе 24 часа, починати се 6 лица. Починаа еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни.

Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.

Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни.

Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).

Коронавирус