сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 83
home Вести

Коронавирусот зема 247 жртви од Македонија

Коронавирусот зема 247 жртви од Македонија

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.

Во последниве 24 часа, починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни.

На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г).

Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64г), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес.

Коронавирус