четврток, 5. август 2021. Вести денес: 167
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Коронавирусот зема 188 жртви од Македонија, 9 лица починаа во последниве 24 часа

Коронавирусот зема 188 жртви од Македонија, 9 лица починаа во последниве 24 часа

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.

Во изминативе 24 часа починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.

 

Коронавирус