понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 136
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Коронавирусот зема 112 жртви во Македонија, заразени се вкупно 1921 лице

Коронавирусот зема 112 жртви во Македонија, заразени се вкупно 1921 лице

Секојдневно расте бројот на заразени и починати од коронавирус во Македонија. Вчера се потврдени 23 нови случаи на ковид 19, а почина едно лице.

Вкупно 1.921 дијагностицирани пациенти на КОВИД-19 има во моментот во државата. Од почетокот на епидемијата, оздравени се 1.387 пациенти, а починати 112. Бројот на активни случаи пак, изнесува 422.

Позитивни на коронавирусот се и 14 припадници на Министерството за внатрешни работи, со што од вчера во изолација се ставени сто и тројца полицајци.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека засега не се знае како дошло до нивно заразување.

-Сто и три припадници на полицијата се ставени во изолација, а 14 од нив се позитивни на Ковид-19. Засега не се знае како дошло до нивно заразување. Во изолација се ставени полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови, потврдија за МИА од МВР.

Според податоците на Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден примени се осум нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, критично болни, а на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во болницата „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 16 пациенти. На респиратор се пет, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти. (МИА)

Коронавирус