недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Коронавирусот зеде уште 8 жртви од Македонија, бројот на заразени надмина 84.000

Коронавирусот зеде уште 8 жртви од Македонија, бројот на заразени надмина 84.000

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1525 тестирања, а регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-123, Куманово-15,  Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-7, Струга-11, Велес-5, Битола-5, Охрид-13, Кавадарци-11, Гевгелија-6, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Виница-1, Свети Николе-1,Кичево-2, Ресен-1, Неготино-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти од: Скопје-219, Куманово-28, Дебар-6  Штип-8, Прилеп-27,  Тетово-22,  Велес-14, Битола-21, Кавадарци-27, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-11, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-9, Демир Хисар-1 Македонски Брод-1, Валандово-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-8, Ресен-2 и Неготино-9.

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84024, бројката на оздравени пациенти е 62929, на починати е 2530, а бројот на активни случаи изнесува 18565. Од вчерашната статистика се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 36302, активни 10918
  • Куманово 4771, активни 494
  • Дебар 641, активни 120
  • Штип 3315, активни 225
  • Прилеп 4256, активни 510
  • Тетово 4785, активни 815
  • Струга 2063, активни 327
  • Велес 2780, активни 463
  • Битола 3052, активни 512
  • Охрид 2468, активни 518
  • Кавадарци 2159, активни 511
  • Гостивар 3397, активни 518
  • Гевгелија 1176, активни 276 (77 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 200 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 2321, активни 591
  • Крива Паланка 633, активни 120
  • Радовиш 625, активни 106
  • Крушево 167, активни 74
  • Кочани 1608, активни 202
  • Пробиштип 450, активни 40
  • Демир Хисар 237, активни 37
  • Македонски Брод 220, активни 25
  • Пехчево 156, активни 32
  • Берово 502, активни 49
  • Валандово 314, активни 52
  • Виница 448, активни 62
  • Делчево 671, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 193, активни 15
  • Свети Николе 1044, активни 87
  • Кичево 1578, активни 210
  • Ресен 653, активни 142
  • Неготино 1039, активни 308 (162 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

Направените 1525 теста се преку: ИЈЗ-331, ЦЈЗ Скопје-36,  Авицена-165, Биотек-220, МАНУ -135,  Жан Митрев (Филип Втори)-114, Систина со PCR метода -282, лабораторија Лаор –112, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-27, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -56, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 404.347 тестирања на Ковид -19.

 

Коронавирус