среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

Коронавирусот зеде уште 25 жртви од Македонија – Филипче вели „пикот помина“

Коронавирусот зеде уште 25 жртви од Македонија – Филипче вели „пикот помина“

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-330, Куманово-28, Дебар-12, Штип-22, Прилеп-47, Тетово-42, Струга-24, Велес-35, Битола-42, Охрид-36, Кавадарци-38, Гостивар-29, Гевгелија-33, Струмица-25, Крива Паланка-3, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-15, Кратово-2, Свети Николе-8, Кичево-18, Ресен-7, Неготино-26.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти од: Скопје-248, Куманово-31, Дебар-8, Штип-26, Прилеп-35, Тетово-34, Велес-33, Битола-28, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-44, Гевгелија-13, Струмица-32, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-15, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-7, Ресен-6 и Неготино-15.

Починати се 25 лица, десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81г), двајца од Штип (63 и 51г), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44г), еден од Тетово (73г), двајца од Струга (81 и 89г), еден од Велес (78г), еден од Охрид (83г), еден од Кавадарци (69г), еден од Гостивар (66г), еден од Струмица (70г) и еден пациент од Радовиш (68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75597, бројката на оздравени пациенти е 51493, на починати е 2194, а бројот на активни случаи изнесува 21910. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 32642, активни 11566
• Куманово 4353, активни 619
• Дебар 575, активни 170
• Штип 3110, активни 413
• Прилеп 3776, активни 886
• Тетово 4485, активни 1012
• Струга 1832, активни 465
• Велес 2508, активни 652
• Битола 2730, активни 826
• Охрид 2108, активни 610
• Кавадарци 1777, активни 623
• Гостивар 3145, активни 770
• Гевгелија 988, активни 301 (69 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 168 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2067, активни 594
• Крива Паланка 535, активни 119
• Радовиш 542, активни 131
• Крушево 151, активни 71
• Кочани 1466, активни 265
• Пробиштип 416, активни 64
• Демир Хисар 224, активни 45
• Македонски Брод 202, активни 32
• Пехчево 122, активни 21
• Берово 456, активни 97
• Валандово 256, активни 54
• Виница 419, активни 105
• Делчево 628, активни 304 (174 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 176, активни 27
• Свети Николе 989, активни 179
• Кичево 1476, активни 350
• Ресен 574, активни 171
• Неготино 869, активни 368 (136 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2889 теста се преку: ИЈЗ-756, ЦЈЗ Скопје-94, Авицена-244, Биотек-177, МАНУ -228, Жан Митрев (Филип Втори)-143, Систина со PCR метода -161, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-62, Инфективна клиника-3, ГАК-10, Синлаб-60, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -857, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 371.391 тестирања на Ковид -19.

Најнови вести

Локални избори 2021