четврток, 5. август 2021. Вести денес: 95
home Вести

Коронавирусот зеде 5.470 жртви од Македонија: Ова е новата статистика за заразени и вакцинирани

Коронавирусот зеде 5.470 жртви од Македонија: Ова е новата статистика за заразени и вакцинирани

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 425 од кои 189 се во Скопје. На инфективните одделенија во државава се лекуваат 109 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 43 се во Скопје.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 20 случаи на Ковид-19 од 2.885 тестирања, две лица починале и 30 пациенти оздравеле.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројот на оздравени пациенти е 149.612, а на починати е 5.470.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Според податоците на веб страницата kovid19vakcinacija.mk , досега во државава се вакцинирале 254.154 граѓани.

-Вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани, објави вчера на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 48 отсто од населението на возраст над 70 години, 42 отсто на возраст над 65 години и 35 отсто од граѓаните над 60 годишна возраст.

-Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, напиша Филипче. (МИА)

Коронавирус