сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 93
home Вести

Коронавирусот зеде 2821 жртва од Македонија, а се заразиле вкупно 91.555 лица: Цел свет се вакцинира, само ние чекаме Заев и Филипче да разгледуваат

Коронавирусот зеде 2821 жртва од Македонија, а се заразиле вкупно 91.555 лица: Цел свет се вакцинира, само ние чекаме Заев и Филипче да разгледуваат

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 91.555, бројката на оздравени пациенти е 80.008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726.

Според до вчера завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 39861, активни 4788
• Куманово 5153, активни 374
• Тетово 5050, активни 316
• Прилеп 4534, активни 192
• Гостивар 3600, активни 222
• Штип 3491, активни 145
• Битола 3203, активни 156
• Велес 3056, активни 262
• Охрид 2761, активни 367
• Кавадарци 2533, активни 320
• Струмица 2519, активни 278
• Струга 2189, активни 150
• Кочани 1717, активни 83
• Кичево 1710, активни 128
• Свети Николе 1072, активни 32
• Гевгелија 978, активни 98
• Неготино 957, активни 92
• Дебар 753, активни 92
• Ресен 730, активни 90
• Крива Паланка 719, активни 47
• Радовиш 693, активни 46
• Делчево 591, активни 155
• Берово 584, активни 43
• Пробиштип 505, активни 41
• Виница 489, активни 34
• Валандово 325, активни 11
• Демир Хисар 243, активни 6
• Македонски Брод 242, активни 11
• Богданци 224, активни 27
• Кратово 220, активни 20
• Крушево 203, активни 29
• Демир Капија 195, активни 33
• Македонска Каменица 190, активни 20
• Пехчево 183, активни 13
• Дојран 82, активни 5

Додека цел свет се вакцинира, Македонија чека! Коронавирусот донесе трагедија во цел свет, па така и во нашата држава. Бевме лидери на црните листи на заразени и починати, граѓаните оправдано живеат во страв прашувајќи се до кога ова ќе трае. Надлежните не превземаа значајни мерки да ги сопрат црните статистики, а сега додека другите држави се грижат за граѓаните вакцинирајќи ги, ние чекаме милост.

Тоа што премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче уште не можат да се договорат од каде ќе набават вакцини за македонските граѓани, чини здравје и човечки животи.

Додека граѓаните од цел свет се вакцинираат поради совесните функционери кои ги имаат во државите, македонските граѓани чекаат бидејќи Заев и Филипче уште разгледуваат опции.

Коронавирус