сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Коронавирусот влезе во Геронтолошкиот завод во Скопје

Коронавирусот влезе во Геронтолошкиот завод во Скопје

Петмина пациенти и тројца вработени во Геронтолошкиот завод „13 ноевмври“ од Скопје се позитивни на ковид 19, дознава тв 24.

Пациентите кои се повзрасни и се лекувале таму пројавиле симптоми и биле тестирани и излегле позитивни на тестот. Сите се пренесени на лекување на Инфективната клиника и во ковид центарот во Козле.

Информацијата за тв 24 ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека оваа ЈЗУ нема да биде ставена под клуч, бидејќи лекарските тимови работеле во смени со што е избегната поголема опаснст од ширење на вирусот.

Коронавирус