среда, 23. септември 2020. Вести денес: 145
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Коронавирусот се шири во Геронтолошките центри: Во Ниш уапсен директорот, во Скопје никој не одговара

Коронавирусот се шири во Геронтолошките центри: Во Ниш уапсен директорот, во Скопје никој не одговара

Членови на Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со Агенцијата за безбедност и Јавното обвинителство во овој град, го уапсија М.С. (47) од Ниш, поради постоење основи на сомнеж дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето во врска со кривично дело пренесување на заразна болест, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Се сомнева дека тој како овластено лице на Геронтолошкиот центар во Ниш не ги презел сите неопходни мерки и активности за да спречи ширење на заразна болест коронавирус, како резултат на што во оваа установа биле заразени 135 корисници на услуги и четворица вработени.

Осомничениот е задржан во траење до 48 часа, а тој ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Додека во Ниш се превземаат вакви чекори, во Скопје за вакви состојби никој не одговара.

По направените тестирања во Геронтолошкиот завод во Скопје, бројката на пациенти заразени со коронавирус се виде дека расте, но за тоа никој не сноси одговорност.

Најнови вести

Коронавирус