вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Коронавирусот покосува и меѓу младите: Починaа 35-годишна жена од Ресен и 41-годишен гостиварец

Коронавирусот покосува и меѓу младите: Починaа 35-годишна жена од Ресен и 41-годишен гостиварец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациент од: Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-3.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41г) и пациент од Дебар (63г) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35г) почината вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15090, бројката на оздравени пациенти е 12235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2238.

Коронавирус