петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Коронавирус во Македонија: 1.421 позитивно лице, 71 смртен случај – најмногу во Скопје, Куманово и Струга

Коронавирус во Македонија: 1.421 позитивно лице, 71 смртен случај – најмногу во Скопје, Куманово и Струга

Вкупно 1.421 во земјава се позитивни на коронавирусот. Вчера потврдени беа нови 22 случаи во шест градови. Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, 6 во возрасната група на лица над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 9 машки лица.

За оздравени се водат 36 лица во текот на вчерашниот ден, а регистрирани се и шест смртни случаи, лица на возраст од 50-75 години од Скопје, Прилеп и Тетово.

 

Од вкупниот број на регистрирани лица позитивни на Ковид-19, случаи има во 27 градови од кои најголем дел во Скопје, Куманово и Прилеп. Од нив регистрирани се 671 машки и 750 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 93 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 295 (20,8%). Кај лица над 60 години регистрирани се 293 случаи, додека кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 51 и 57 случаи соодветно.

Од пријавените случаи, 22,9% (326) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (53,2%), малаксаност (34,8%), треска (19,0%), главоболка (16,5%), болка во грло (15,8%) и отежнато дишење (15,0%).

Кај 490 или 34,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 348 или 71,0% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Регистрирани се 229 (16,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници. Регистриран е 71 смртен случај. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (46) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 12,0/100.000 жители.

Од 15.02.2020 до 27.04.2020 тестирани се вкупно 15.771 материјали.

Според исходот од заболувањето, кај 761 лица (53,6%) се активни случаи, 589 случаи (41,4%) се водат како оздравени (75 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 134 (22,8%) биле хоспитализирани додека останатите 455 (77,2%) биле на домашно лекување.

Коронавирус