четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Коронавирус: 45 отсто од активните случаи се во Скопје, висок број заболени бележат овие скопски општини

Коронавирус: 45 отсто од активните случаи се во Скопје, висок број заболени бележат овие скопски општини

Македонија ја надмина бројката од над 10.000 вкупно заболени од коронавирус. Бројот на активни случаи на територија на целата држава е 4183, а најголем број има во Скопје и Штип.

Во Скопје активни случаи има 1876 од вкупно дијагностицираните 4660 досега.

Од скопските општини, над 200 болни во моментов имаат Чаир (265) и Аеродром (207), 193 се во Гази Баба, 183 во Кисела Вода, 164 во Карпош, 150 во Центар, 133 во Бутел, 129 во Ѓорче Петров, 120 во Шуто Оризари и 109 во Сарај.

Трицифрен е бројот на активни случаи во осум градови во земјава: 409 во Штип, 284 во Куманово, 278 во Тетово, 234 во Гостивар, 206 во Струга, 189 во Свети Николе, 124 во Дебар и 111 во Охрид.

Најнови вести

Коронавирус