петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Коронавирус: 384 заболени во Македонија, повеќе од половината во Скопје

Коронавирус: 384 заболени во Македонија, повеќе од половината во Скопје

Во земјава вчера се регистрирани нови 30 случаи со што бројката на заболени е 384 лица. Надлежните го очекуваат пикот кон крајот на април, а покрај веќе преземените мерки, од следната недела во целосна функција ќе биде ставена и мобилната болница со која треба да се дуплира капацитетот на Инфективната клиника.

Најголем број од новопријавените случаи на коронавирус се со место на живеење во Скопје.

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 години (n=8), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 17 машки лица. Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување.

Вкупно 20 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а едно лице има историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Вкупната бројка на заболени лица со коронавирус во Македонија е 384. Според место на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 16 градови: Скопје (195), Куманово (62), Дебар (47), Прилеп (21), Штип (15), Тетово (13), Струга (9), Велес (6), Битола (4), Охрид (3), Кавадарци (2), Гевгелија (2), Крива Паланка (2), Гостивар (1), Струмица (1) и Кочани (1) .

На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (35).

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на Ковид-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

-Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
-Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
-Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
-Останатиот дел од Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 64 пациенти. Во изминатите 24 часа примени се шест нови пациенти. Осум се со потешка клиничка слика, а неколку пациенти се во сосема добра состојба и тие ќе се тестираат во следните неколку денови со цел да се анализираат состојбите и доколку се негативни во два наврата ќе бидат испишани.

Коронавирус