петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 4
home Вести

Коронакризата удри и по приватните стоматолози: На раб на егзистенција бараат од Владата директна финансиска помош

Коронакризата удри и по приватните стоматолози: На раб на егзистенција бараат од Владата директна финансиска помош

Директна финансиска помош заради исплата на минимални бруто плати на вработените во стоматолошките ординации и ослободување од фискални и парафискални трошоци сѐ додека трае кризната состојба, бараат од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина.

Овие барања, како што посочуваат во денешното соопштение од Здружението, ги испратиле до Владата, до вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и до Министерство за здравство, поради тоа што во тек изготвувањето на петтиот пакет мерки за помош поради ковид кризата.

Во образложението тие посочуваат дека поради рестриктивните мерки и посебните условии протоколи за работа кои им биле наложени на приватните здравствени стоматолошки установи, преполовената фреквенција на посети и интервенции на пациенти, како и потребата од дополнителни и непредвидени финансиски трошоци по однос на обезбедување на дополнителна надстандардна и редовна заштитна опрема која поради ковид кризата повеќекратно се зголеми, стоматолошките ординации како микро-правни субјекти претрпеле огромни финансиски загуби и се доведени на раб на егзистенција.

Речиси две третини од стоматолошките тимови, потенцираат од Здружението, не се во можност да ги покријат основните режиски трошоци и да исплатат минимални плати за стоматологот и асистентот.

– Сепак, докторите по стоматологија и покрај огромниот ризик од зараза поради специфичноста на работата, останаа и остануваат на своите работни места и нема да дозволат пациентите да останат без стоматолошка заштита, но не сакаат да останат заборавени и без можност за искористување на мерките од Владата за финансиска помош од ковид кризата, како што тоа беше пример со четвртиот сет на мерки. Кај оваа група на правни субјекти, при изготвувањето на четвртиот сет мерки за финансиска помош се занемари фактот што Фондот за здравствено осигурување при крајот на 2019 година го зголеми капитацискиот бод за 16 отсто, при што стоматолошките ординации не можеа да го исполнат процентуалниот услов за владината помош која беше понудена. При разгледување на нашите горенаведени барања за помош, покрај зголемениот приход за 16 отсто по основ на капитација од октомври 2019 година, Владата и Министерството за финансии да го имаат предвид и различното финансирање и приходите по тим во приватните стоматолошки установи, стои во соопштението од Здружението.

ЕУРО 2020

Македонија