сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 57
home Вести

Корона криза, а Филипче и Караџовски на агенда имаат само сопствено рекламирање

Корона криза, а Филипче и Караџовски на агенда имаат само сопствено рекламирање

Бура на реакции на граѓаните по гостување на Караџовски во забавната емисија „Еден на еден“: Ти си втор непријател на народот, почни да си ја работиш работата

Додека граѓаните умираат поради лошото менаџирање на владата на СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче со КОВИД пандемијата, првиот човек на Комисијата за заштита од заразни болести Жарко Караџовски гостува во забавни емисии промовирајќи се само себеси.

Ваквиот однос предизвика бура на реакции кај граѓаните кој по вчерашното гостување на епидемиологот и претседател на Комисија за заштита од заразни болести Жарко Караџовски во забавната емисија Еден на еден на телевизија Канал 5, порачаа дека драстично расте бројот на ново инфицирани и починати од КОВИД 19 во државата, Караџовски ги користи своите петте минути на слава раскажувајќи приказни од своето детство па се до тоа колку години вози стар автомобил.

Болничките капацитети ширум државата се преполни, пациентите преку социјалните мрежи молат за донации, граѓаните умираат како резултат на немање на слободен термини за тестирање од корона вирус, првиот човек на комисијата Караџовски преку различни ПИ-ар стратегии се промовира во едно позитивно светло, но наместо пофалби доби низа на негативни реакции.

Граѓаните реагираат на несериозниот однос на Караџовски пишувајќи дека им недостасува да излезе на прес конференција и да започне да им вика на сите дека мерките се како во цел свет и народот е крив, други му порачуваат наместо да се грижи за економските последици од корона вирусот да започне да си ја врши работата.

„Ми фали Караџовски да искочи на прес да почне да им се дери на сите дека мерките се како во цел свет и народот е крив да осети малце кривица и после два дена поради ефективноста на мерките да имаме над 1000 заразени и над 20 починати. Битно кешовите се праат“, пишува еден граѓанин.

Чекаме Филипче да ни каже која е бројката на заболени/починати кога ќе треба да се реагира порадикално од она „се адаптира ново одделение за прием на пациенти заболени од ковид“ и Караџовски да престане да мисли на економските последици и да почне да си ја врши работата“, порачува друг револтиран граѓанин.

Има и такви кои сметаат дека ова е лош избор на гостин во емисијата Еден на еден, но и такви кои сметаат дека Караџовски е непријател број два на народот.

„Најубаво откажете ја премиерата на оваа епизода, овој што сте го викнале е непријател број 2 на народот“, вели еден граѓанин.

Караџовски изминатиот период често се појавуваше на прес конференции со министерот за здравство Венко Филипче, а преку своите изјави неколку пати се скара со новинарите учејќи ги како треба да пренесуваат вест, а не пропушташе ниту прилика да ги обвини граѓаните дека токму тие се виновни за зголемување на бројот на ново заразени.

Претходно и министерот Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил објави видео на кое беше прикажан папгал како извикува Оставка, оставка, оставка, исмејавајќи ги барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка поради големиот број на ново заболени и починати граѓани од корона вирус.

Но, по негативните реакции од страна на граѓаните истото беше избришано.

Се поочигледно е дека недоличното и несериозното однесување министерот Филипче и првиот човек на Комисијата за заразни болести Караџовски сакаат да го прикријат преку дефокус на јавноста преку ПИ пародии.

Коронавирус