понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 8
home Вести

Конзервативниот караван на Институтот „САРИСА“ на трибина во Битола

Конзервативниот караван на Институтот „САРИСА“ на трибина во Битола

Институтот „Сариса“ денеска со почеток од 13:00 часот во хотел Епинал во Битола ќе одржи јавна дебата под наслов „Традицијата, историјата, конзервативизмот: столбови на државата”.

Денешниот настан од таканарачениот Конзервативен караван се случува по терти пат, а претходно институтот „Сариса“ трибини од ваков карактер одржа во Гостивар и Штип. Во иднина како што информираат од институтот вакви трибини ќе бидат и во други градови ширум Република Македонија

На трибината во Битола се очекува говорниците ќе се осврнат на политичка филозофија, конзервативна идеологија, управување со државни институции, како и за плановите и програмите на Институтот.

Коронавирус