петок, 4. декември 2020. Вести денес: 38
home Вести

Контраспин на Османи: Недавање датум во март ќе значи мешање на ЕУ во изборите?!

Познавачите на состојбите новата реторика на Османи ја толкуваат како дел од новата кампања на ДУИ и СДСМ, кои во предизборието, соочени со катастрофалната состојба со гласови на терен, ќе удрат со обвинувања кон Брисел за наводна непринципиелност и неисполнување ветувања, маргинализирајќи ги своите неспроведени задачи дадени во форма на реформи за Заевата влада, која минатите три години се занимаваше само со промена на името, Законот за двојазичност и Законот за марихуана.
Контраспин на Османи: Недавање датум во март ќе значи мешање на ЕУ во изборите?!

Верувале или не, но според вицепремиерот Бујар Османи, ако ЕУ не додели датум за Македонија во март, тоа било мешање на Брисел во изборите кои следуваат?!Вицепремиерот  во интервју за Агенција Европа, со предизборен приземен и партијски вокабулар ја нападна ЕУ и изнесе необично толкување за наводна казна и награда со датумот за Македонија, а реформите исчезнаа од агендата. Напаѓајќи ја Унијата, за чии интеграции тој и е вицепремиер, Османи смета дека Брисел требало да и оддаде признание на Владата за „напорите“.

Тој не ги објасни кои биле „напорите“, дали зборува за единственото што како Влада го извршија, „реформата“ на името, Уставот, Договорот со Бугарија и другите „успешни реформи.“ Османи не кажа ништо ни околу редицата неспроведени реформи, ни за европските знаменца кои ги користеа за се’, само не за ЕУ закони и нивна хармониузација, туку за Закон за опојни дроги, двојазичност и слиучни небулозни, но за нив „реформски“ закони.

Со предизборна реторика, или од пуста надеж дека токму ЕУ ќе ги вади од бездната во која оваа влада ја донесе државата, вицепремиерот оценува дека одлуката требало да биде донесена на мартовски самит на ЕУ, односно пред изборите во април.

-Да не се донесе одлука би било најголемото можно мешање во изборите, затоа што за време на овој мандат, преземавме политички ризик и ја втемеливме таа одлука врз ветувањето на ЕУ. Им рековме на нашите сограѓани, во референдумското прашање дека имаме договор со ЕУ: ако ние го исполниме нашето ветување, ЕУ ќе го исполни своето. Ако ЕУ не го стори тоа за време на овој мандат, ова ќе биде најголема интервенција во изборите и ќе има огромни последици, предупредува вицепремиерот задолжен за европски прашања.

Тој, освен што со ова директно потврди дека Заев бадијала го смени името на државата, додава дека оваа нова методологија не смеела повторно да ја одложи одлуката за почеток на преговорите, со тоа повторно мешајќи се во внатрешните работи на ЕУ и изнесувајќи теснопартијски и предизборни очекувања, флагрантно контрирајќи се со Унијата кон која треба токму тој да на интегрира.

-Не е исто одлуката да се донесе во март или во јуни. Ако биде во јуни, тоа ќе биде само еден бирократски процес на процена на исполнување на условите, објаснува вицепремиерот.

Коронавирус