понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 143
Во живо

Следете во живо: Live chat со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Континуиран висок број на новозаболени од коронавирус во земјава, прв случај регистриран во Ресен

Континуиран висок број на новозаболени од коронавирус во земјава, прв случај регистриран во Ресен

Нови 124 случаи на коронавирус беа вчера потврдени во Македонија, од кои најголемиот дел односно 71,8 проценти се од Скопје. Новозаболените се од 11 градови од земјава, а прв случај е регистриран во Ресен.

Од вкупниот број на тестирани, 19 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките во Скопје без регистрирани позитивни случаи.

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години со 30 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 57 лица од женски и 67 од машки пол.

За оздравени вчера се водат шест лица, додека регистрирани се седум смртни случаи од Скопје, Струга, Тетово и Штип. Случаите биле на возраст од 46-87 години.

Вкупниот број на заболени лица во Македонија е  3.363 случаи.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 32 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Прилеп, Велес и Струга, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп, Велес, Дебар и Тетово.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.641 машки и 1.722 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 685 , додека кај возрасната група од 50-59 години се потврдени 642 заболени. Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 175 односно 182 случаи.

Регистрирани се 164 смртни случаи (Лт = 4,9%). Најголем дел се на возраст над 60 години (n=108) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 28,2/100.000 жители. Регистрирани се 109 смртни случаи кај лица од машки и 55 кај лица од женски пол. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена.

Во земјава се направени вкупно 39.033 тестирања на коронавирус. Според исходот од заболувањето, 1.535 лица (45,6%) се активни случаи, 1.664 случаи (49,5%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

Регистрирани се вкупно 338 заболени здравствени работници во текот на епидемијата, од кои 249 се оздравени.

Коронавирус