среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Коњановски: Ги слушнавме укажувањата на стопанствениците, Општината ќе биде сервис за нив и за граѓаните

Коњановски: Ги слушнавме укажувањата на стопанствениците, Општината ќе биде сервис за нив и за граѓаните

Сакам да информирам дека имавме одлична конститутивна средба со претставниците на Стопанската комора до Битола, регионалната единица. Она што го кажав и во предизборието, настојуваме да го спроведеме и на дело. Ова веќе е и втора средба, пред некој ден кога ја организиравме оваа средба беа претставници на Стопанската комора и не информираа за начинот на кој ќе се организира средбата и пројавија огромен интерес по што се виде и од бројот на присутните денес, изјави денеска за медиумите, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Тој истакна дека претставниците на Стопанската комора ги запознале со нивните проблеми, со актуелната состојба, со секојдневните проблеми во работата.

– Она што го бараат е отвореност на Општината во поголеми размери, пристапност, и тоа јас им го ветувам и од ова место и веќе така се постапува, од самото доаѓање на новата локална самоуправа. Сето она што го ветивме дека Општината ќе биде сервис на граѓаните, дека ние сме тука да работиме, а не да заработиме, вратата да биде секогаш отворена и достапна. Договоривме вакви средби да се во иднина, тие го искажаа своето задоволство од организација на ваквата средба. Секако средбата беше помогната и во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, тука е и нашата пратеничка, советникот Пеце Милески. Ги согледавме сите состојби, ситуациите, укажувањата нивни, и она што можеме да го кажеме од ова место е дека продолжуваме со уште поголем елан од она што ни го укажаа тие, да бидеме нивен сервис и да ги откочиме работите со кои што се соочуваат, проблемите кои се многубројни и кои треба со заедничка работа и заложба да ги откочиме и да одиме понатаму, додаде градоначалникот.

Коронавирус