петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

Конференција за современите предизвици во јавната администрација

Конференција за современите предизвици во јавната администрација

Во организација на Центарот за државни служби од Астана заедно со Министерство за информатичко општество и администрација денеска и утре во Скопје ќе се одржи конференција на тема  “Современите предизвици во јавната администрација и улогата на партнерство за постигнување решенија”.

Целта на конференцијата е да ја истакне улогата на партнерство за надминување на современите предизвици преку презентирање на практиките на земјите, како и соработката за унапредување на државните служби и научените лекции.

На конференцијата ќе се обратат министеорот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, директорот на Управниот одбор на Центарот за државни служби во Астана Аликхан Баименов, српскиот министер за јавна администрација и локална самоуправа, Бранко Ружиќ, косовскиот министер за администрација Махир Јагчилар.

Обраќања ќе имаат и државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија, директорот на Регионалната школа за јавна администрација Ратка Секуловиќ и претставник на финансискиот менаџмент на СИГМА-ОЕЦД, Мирослава Борицзка.

МИА

Коронавирус