четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Конференција за дигитална трансформација во Македонија

Конференција за дигитална трансформација во Македонија

„Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност“ е темата на годинашната 15. конференција што ја организира Стопанската комора за информатичка и комуникациска технологија (МАСИТ).

Конференцијата, традиционално, ги обединува сите ИКТ чинители од земјава и регионот. Овојпат предвидува присуство на околу 200 учесници, вклучувајќи претставници од домашните ИКТ компании и компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници на државни институции и министерства, на донаторската заедница, како и професори кои образуваат ИКТ кадар.

Конференцијата ќе обедини мултидисциплинарни презентации, панели и успешни приказни чија цел е изнаоѓање конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси во државава со оптимално следење на глобалните текови.

Според Програмата, ќе се дискутира за подобро позиционирање на македонскта ИКТ индустрија на светскиот пазар, како и за зголемување на можноста за уште поголем извоз на ИКТ услугите. 

МИА

Коронавирус