понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Конференција за безбедносни и одбранбени предизвици во ЈИЕ

Конференција за безбедносни и одбранбени предизвици во ЈИЕ

 Првата меѓународна конференција на тема „Современи безбедносни и одбранбени предизвици, ризици и закани во Југоисточна Европа со фокус на балканскиот регион“ денеска ќе се одржи во комплексот Етно село, во близина на Куманово.

Организатор на конференцијата е Асоцијацијата: Центар за антитероризам и мир „Гардијан“-Куманово. На отворањето ќе се обратат претседателот на Здружението Бранислав Јовчевски и претседавачот на конференцијата Сретан Димитриевски.

Учесниците ќе дискутираат за глобалните трендови, предизвици и закани во светот, за современите безбедносни закани и ризици во земјите од Југоисточна Европа и земјите од Балканот, за реформите во безбедноста и одбраната во земјите од балканскиот регион, за суштински безбедносни и одбранбени реформи и приоритети во Армијата на Република Македонија…

Коронавирус