петок, 17. септември 2021. Вести денес: 32
home Вести

Конференција посветена на семејните бизниси

Конференција посветена на семејните бизниси

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на семејните бизниси на која ќе бидат пренесени меѓународни искуства како успешно да се пренесе семејниот бизнис на следните генерации.

Организаторот „Clear View“ посочува дека конференцијата ја организира бидејќи статистиката покажува дека 70 проценти од семејните компании пропаѓаат при преносот на сопствеништвото на втората генерација.

На конференцијата најавено е присуство на меѓународни експерти, како и на основачи и сопственици на приватни компании, членови на семејни бизниси….

Ова е четврта конференција што ја организира Clear View, а минатите три конференција биле посетени од над 350 посетители и 29 панелисти.

Коронавирус