четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Конференција „Поддршка на судската и кривично-правната реформа“

Конференција „Поддршка на судската и кривично-правната реформа“

Во организација на Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ денеска ќе се одржи завршна конференција на тема „Поддршка на судската и кривично-правната реформа“, финансирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Проектот се базира на набљудување на кривични предмети што се водат по Закон за кривична постапка (од 2010), врз основа на што ќе произлезат заклучоци за имплементацијата на Законот за кривична постапка, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Устав и закон, пред судовите во кривичната постапка.

Анализата се базира на 400 мониторирани расправи во девет основни судови во Република Македонија.  Откако ќе биде презентирана анализата ќе следува и организирана дискусија за детектираните проблеми што се забележани на судењата. Дискусијата, како што посочуваат од Коалицијата, ќе им овозможи на практичарите на законот да ги изразат своите ставови и мислења во однос на Законот за кривична постапка и неговата имплементација

МИА

Најнови вести

Коронавирус