сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 64
home Вести

КОНЕЧНО: УХМР најави дожд и снег од четврток

КОНЕЧНО: УХМР најави дожд и снег од четврток

Во следните два дена времето ќе биде претежно облачно, а по котлините со појава на магла и ниска облачност.

Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе врнежи се очекуваат во сабота и во понеделник, кога поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места.

Минималната утринска температура во четврток ќе се движи од минус 2 до четири, а дневната од шест до 13 степени. Најстудено ќе биде во недела, со утринска температура од минус четири до два, а дневна од два до седум степени.

Коронавирус