недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Концертите се враќаат: Комисијата за заразни болести ги усвои правилата

Концертите се враќаат: Комисијата за заразни болести ги усвои правилата

Во новата реалност, која ни ги менува животите на многу начини, и концертите во живо станаа загрозен вид.
Социјалното дистанцирање како една од основните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, го оневозможи одржувањето на настани, веќе четири месеци, со што иднината на концертите, јавните собири и настани се стави под прашалник.

Денес Министерот здравство Венко Филипче, рече дека Комисијата за заразни болести го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, одобрила, односно усвоила нови протоколи за организирање на музички настани.

Министерот изјави дека ќе се дозволат музички настани, но капацитетот на објектите да биде полн 50 отсто, картите да се купуваат само по електронски пат и сите кои присуствуваат на настанот да носат маски.

Коронавирус