понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 127
home Вести

Концептот “Едно општество за сите“ го прогласија за умрено

Концептот “Едно општество за сите“ го прогласија за умрено

Јавноста со денови е скандализирана од изјавите на високи владини и партиски функционери на власта дека ќе се субвенционираат вработувања по етнички клуч во приватни фирми со цел да се постигне правична застапеност. Тоа што се случи во администрацијата сега треба да се преслика и во приватниот сектор. Ова, според експертите, е сериозна закана по пазарната економија и стопанството кои се соочуваат со и онака големи проблеми.

Првпат јавноста за оваа идеа на власта на заев слушна кон крајот на август кога беше промовирава владината програма на коалицијата СДСМ и ДУИ.

-Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја, стои во владината програма, а кое беше дел од изборните ветувања на ДУИ  во кампањата.

Вицепремиерот Артан Груби беше попрецизен околу оваа намера на владеачката коалиција .

-Доколку приватните компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од владата, рече Груби кон средината на септември.

Иако Заев потоа невешто се обиде да ја објасни и демантира оваа изјава на Груби, брзо потоа следеше нов уште посериозен ултиматум од страна на министерот за економија Крешник Бектеши.

-Не верувам дека во Владата има несогласување за субвенционираните вработувања во приватниот сектор по етничка основа. Тоа како мерка е предвидено во владината програма која беше усвоена од страна на Собранието. Ние како вршители на функции сме должни мерките предвидени во Програмата на Владата да ги реализираме за време на мандатот за кој нѐ изгласале пратениците, рече Бектеши кој посочи дека ваквата мерка ќе почне да се реализира после Нова Година.

Дека ДУИ е упорна во својата намера говори и изјавата на пратеничката од оваа партија, Арта Биљали Зендели за ТВ21 која вели дека реализацијата на мерката е нивна обврска кон албанските гласачи.

„Ние како пратеници Албанци кои сме ги добиле гласовите од Албанците, имаме обврска да се грижиме токму за Албанците“, рече Биљали.

Веројатно ваквото политичко дејствување на ДУИ и молкот од СДСМ ги принуди и другите албански партнери во власта на Заев отидат понатака во своите “економски мерки“, па така вчера и лидерот на БЕСА предизборен и владин коалиционен партнер на СДСМ излезе со уште порадикални ставови. Според него треба да се воведе двојазичност во приватните фирми поради тоа што дел од дипломираните Албанци не го владеат македонскиот јазик.

“Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработување на сите граѓани“- смета Касами.

Ова, според многумина е директна спротивност и го коси концептот кој Заев и СДСМ го посочуваат последните 4 години години-  “едно општество за сите“. Ваквата позитивна дискриминација предизвика силна реакција во јавноста и кај експертите. Таа е диксриминирачка економска политика нема да донесе бенефит на и така разнишананата економија. Јавните  пари не смеат да се делат по етнички критериуми. Со оваа мерка на власта етничката припадност би била ставена пред професионалноста и компетентноста на кадрите.

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата во Македонија, вчера за порталот Независен ја критикуваше ваквата евентуална мерка на Владата. Според него, општеството е засновано на граѓански концепт и во него сите се еднакви, а со барањето на ДУИ да се субвенционира вработувањето Албанци се крши Уставот, нешто што, вели тој, прв што не треба да го прави е власта.

„Се кршат и одредбите од Законот за работни односи, според кој компаниите не треба да се прашуваат ниту за родовата припадност, брачната состојба или возраста на тие што ги вработуваат, а не пак да фаворизираат некого по етничка основа“, вели Бошков.

КУРИР испрати прашање до СДСМ за коментар на оваа тема, но одговор до сега немаме добиено.

Прашавме: Дали ваквото однесување на функционери на ДУИ го руши концептот на СДСМ „Едно општество за сите“?

Коронавирус