вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 93
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани

home Вести

Компанијата dm дрогерие маркт донираше 50 инфузиони пумпи во вредност од 53.000 евра

Компанијата dm дрогерие маркт донираше 50 инфузиони пумпи во вредност од 53.000 евра

Компанијата dm донираше 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Со оваа донација компанијата има за цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за сите пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.

дм дрогерие маркт како општествено одговорна компанија активно го поддржува здравствениот систем од почетокот на пандемијата, во прилог на што говорат повеќекратно извршените донации на медицинска опрема потребна за повеќе болници низ Македонија, меѓу кои: производи за дезинфекција и лична хигиена за Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки (ЗМСТАМ), респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Општа болница во Кавадарци и Клиничката болница во Битола, кислородни концентратори за Општата болница во Велес, како и клима уред и тролеи за пренос на инструменти и апаратура во Институтот за белодробни заболувања и туберколоза во Скопје.

„Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја., изјавија од компанијата.

Инфузионите пумпи се веќе испорачани и ставени на располагање во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Коронавирус