сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 10
home Вести

Комити вечерва на протестен марш: Бараат правда за Саздо!

Комити вечерва на протестен марш: Бараат правда за Саздо!

Понеделник 16.7.2018, плоштадот во Автокоманда, во 19:30 часот започнува протестниот марш во чест на Никола Саздовски – Саздо, стои во Фејсбук објавата на навивачката група Комити

Повикот за марш ви го пренесуваме интегрално:

Ве повикуваме сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”.

Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат.

Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело.

ПРАВДА ЗА САЗДО!!!