петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ со прашање до МЗ: По кои протоколи лекуваат македонските лекари?

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ со прашање до МЗ: По кои протоколи лекуваат македонските лекари?

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук бараат од Министерството за здравство да достават по кои протоколи лекуваат македонските лекари.

-Во соседна Србија и Хрватска, матичните лекари, лекарите специјалисти и субспецијслисти имаат добиено протоколи за Ковид-19 лекување на секое ниво од здравствениот систем.

Тие протоколи се подготвени и одобрени од професори специјалисти во соодветната област и се апдејтираат редовно. Овде ги објавуваме протоколите од Србија и нивните апдејтираните верзии 8 и 9.

Поставуваме отворено прашање до министерот за здравство, по кои протоколи лекуваат нашите лекари? На колку време тие се апдејтираат?

Бараме да ги објави апдејтираните верзии, барем Верзија 2 и 3.

Бараме да ги објави Верзиите на протоколите за лекување кои службено им се доставени на матичните лекари како и на лекарите во Ковид центрите, како и да ги сподели сите апдејтирани верзии. Потребен е сериозен пристап за да се дојде до унифициран и соодветен третман на пациентите болни од Ковид-19, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Во соседна Србија и Хрватска, матичните лекари, лекарите специјалисти и субспецијслисти имаат добиено протоколи за…

Posted by Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ on Вторник, 13 април 2021

Најнови вести

Коронавирус