недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за заразни болести ги финализира протоколите за учебната година

Комисијата за заразни болести ги финализира протоколите за учебната година

Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука денеска одржуваат состанок на кој се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември. Епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата и директор на Центарот за јавно здравје Скопје, за МИА потврди дека во моментов имаат состанок за протоколите за кои и претходно со работната група на МОН имаа консултативни средби за утврдување на деталите.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми во петокот изјави дека зелено светло за модалитетите, како што рече, е дадено од Комисијата за заразни болести со кои во детали ги разработиле, добиле ставови и од СОНК и дека овие денови се очекува нивното финализирање. Додаде дека има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

-Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба, изјави министерот Адеми.

Коронавирус