недела, 9. август 2020. Вести денес: 74
home Вести

Комисијата за заразни болести даде зелено светло за отворање на градинките

Комисијата за заразни болести даде зелено светло за отворање на градинките

На денешниот состанок, Комисијата за заразни болести даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За Фктор откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст.

-Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во целата земја не ги исполнуваат бараните критериуми, но не може за сметка на само неколку да ги држиме сите градинки затворени. Време е и најмалите да се вратат во установите, а и родителите да почнат редовно на работа. Основно е да се прави поголема контрола, децата да бидат на некој начин редуцирани во групите, во однос на ова, приватните градинки практично целосно ги исполнуваат критериумите, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.

Коронавирус