недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вети, но не исполни изградба на отворен и затворен базен во Ѓорче Петров

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вети, но не исполни изградба на отворен и затворен базен во Ѓорче Петров

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ сподели статус на својот профил на Фејсбук каде што пишува дека СДСМ во нивната програма ветила изградба на отворен и затворен базен во општината Ѓорче Петров.

-СДСМ ВО НИВНАТА ПРОГРАМА ВЕТИ ИЗГРАДБА НА ОТВОРЕН И ЗАТВОРЕН БАЗЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ.

Зборот е збор – според толкување на СДСМ:

Помина половина од мандатот на градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски а од ветувањето за изградба на базените нема никаква реализација.

-Јавноста не е запознаена дали се одредени локациите за базените кои се ветени.
-Не е започнато проектирање на истите.
-Не е познат изворот и начинот за финансирање за изградба на базените.
-Не е објавено кога би започнала изградбата на базените и во кој рок ќе заврши нивната изградба.

Скоро сигурно е дека базените ветени од страна на Александар Наумоски нема да се реализираат.
Дали е ова уште една голема лага на СДСМ ?, прашува Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.