четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Неработењето на градоначалникот на Охрид доведе до руинирани патеки и запоставено зеленило

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Неработењето на градоначалникот на Охрид доведе до руинирани патеки и запоставено зеленило

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ на својата Фејсбук страница споделија фотографии од лажните ветувања на СДСМ во Охрид.

-СДСМ. ВЕТЕНО – ИЗЛАЖАНО ВО ОХРИД.

Извадок од програмата на СДСМ за Охрид (УЗ Воска и Воска 1)

“Хортикултурно да ја уредиме населбата.
-Да поставиме атмосферска канализација и тротоар на крак од улица Гоце Делчев до одмаралиште Партизан.
-Да го довршиме тротоарот од последниот комплекс на станбени објекти до Извиднички сојуз.
-Да го уредиме коритото на реката Коселска во населба Далјан.
-Да ги затвориме бајпасите на колекторскиот систем кои се наоѓаат пред игралиштето во Воска”.

На фотографиите можете да видите колку од тоа што го ветија СДСМ го исполнија. Неработењето на градоначалникот доведе до руинирани патеки, запоставено зеленило, имаме една срамна глетка која воопшто не доликува на туристички центар.

Срамота е, од бисер на балканот Охрид стана бисер на дивоградбите и инфраструктурно запоставен град, стои во нивниот пост на Фејсбук.