петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Пред фактите и советниците на СДСМ се збунети, СДСМ во паника поради проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Пред фактите и советниците на СДСМ се збунети, СДСМ во паника поради проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека пред фактите и советниците на СДСМ се збунети.

-ПРЕД ФАКТИТЕ И СОВЕТНИЦИТЕ ВО СДСМ СЕ ЗБУНЕТИ, СДСМ ВО ПАНИКА ПОРАДИ ПРОЕКТИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

После долгогодишна стагнација на гасификацијата во Република Македонија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во својот претходен мандат го направи најголемиот напредок во оваа област.Определбата на ВМРО-ДПМНЕ за целосна гасификација на Македонија е реална и остварлива, а поткрепа на тоа дава досегашната посветеност и сериозниот пристап и остварување на ветеното во претходниот период. Поради тоа, објавата на Претседателот Мицкоски за заложбите за гасификација доби исклучително високо ниво на публицитет и позитивна реакција од граѓаните.
Тоа е реалноста која СДСМ не може да ја измени. Нивната реакцијата во врска со проектите од гасификацијата е непобитен факт дека всушност тие присвојуваат проекти, се обидуваат да ги покажат како свои, за на крај да направат прес конференција и збунети да ги убедуваат граѓаните во нешто во што очигледно и самите не веруваат.
Вистинските факти се следни:
Владата која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ континуирано го следеше развојот на меѓународните гасоводни проекти и настојуваше да се обезбеди поевтин природен гас, да се обезбеди конкурентност и сигурност во снабдувањето, како и тоа Македонија да стане транзитна држава на природен гас, а сė со цел да се постигне поголем бенефит за севкупниот економски развој на државата.
Проектот за интерконекција со Грција започна да се реализира во периодот кога СДСМ не беше на власт, туку се занимаваше со организираше лажни „револуции“ и креирање на политичка криза која ги закочи сите процеси во државава со последици кои уште долго ќе траат.
Меморандумот за изградба на оваа интерконекција се потпиша во октомври 2016 година за време на мадатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која претходно во 2015 година успеа да го постави на листата на проекти во иницијативата од Европската унија, како и во листата на проекти на Енергетската заедница.
СДСМ до сега не започна да гради ниту еден нов гасовод, освен што работи на проектите од претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во таа насока вреди да се напомене и тоа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја започна изградбата на сите магистрални гасоводи и обезбеди финансирање во вредност од 90.000.000 евра уште во 2015 година.
Ако имаа сериозна намера да започнат да градат нови гасоводи, СДСМ за тоа ќе обезбедеа средства во Буџетот за 2020 година, но за жал такво нешто нема.
Можеби јавноста ќе беше пријатно изненадена ако СДСМ започнеа да градат барем еден нов гасовод или барем едно домаќинство ќе почне да користи природен гас. Никој не им бранеше да ги остварат ветувањата кои ги даваа. Да го направеа тоа, денес ќе немаше кој да им противречи.
Затоа во недостиг на свои проекти не можат да успеат да ги засенат стратешките заложби на ВМРО-ДПМНЕ во својара Програма за избори за целосна гасификација на Република Македонија.

Обновата доаѓа, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коронавирус