среда, 22. мај 2019. Вести денес: 5
home Вести

„Комисијата во културата треба да биде составена од луѓе кои што се еминентни и стручни, кој ќе знаат што значи Скопски џез фестивал“

„Комисијата во културата треба да биде составена од луѓе кои што се еминентни и стручни, кој ќе знаат што значи Скопски џез фестивал“

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова на денешната Собраниска надзорна расправа на која се разговараше за политиките во културата на Владата и распределувањето на средства во годишната програма за култура жестоко ја критикуваше комисијата за култура и изрази сомневање во нивната стручност со оглед на донесувањето на скандалозната годишна програма за култура.

По правило комисијата во културата треба да биде составена од луѓе кои што се еминентни и стручни и тие еминентни и стручни луѓе по некоја логика на нештата, треба да бидат запознаени што значи Скопски џез фестивал. Тие еминентни и стручни луѓе треба да бидат запознаени што значи на пример манифестацијата Денови на македонската музика, вели Манаскова.