среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека образованието е во клиничка смрт

Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека образованието е во клиничка смрт

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека образованието е во клиничка смрт .

Нивното соопштение го пренесуваме во целост:

Квалитетното образование воопшто не е приоритет за Владата предводена од Зоран Заев со која нема никаков напредок.
Заклучоците влезени во Годишниот извештај за работата на Државниот просветен инспекторат, а пронајдени во 162 интегрални евалуации во основните и средните училишта во минатата година покажаа дека образованието е во клиничка смрт.

Минатата учебна година Владата на Заев ја затвори со црн извештај од ДПИ во кој стои:
Неприлагодена настава за децата со посебни потреби, нередовност на средношколците, нефункционални кабинети поради недоволно нагледни средства, спортски реквизити и помагала за реализирање на сите наставни содржини, како и застарена и оштетена ИКТ опрема која се користи во наставниот процес, слабости во наставните планови и програми и во основните и во средните училишта, над 60% од средните училишта со проектни активности и слободни часови кои НЕ се во насока на проширување на знаењата на учениците од струката, ученичките натпревари се одржуваат, но нема доволно заинтересирани ученици, во дел од руралните средини наставата сѐ уште се реализира од страна на несоодветен наставен кадар…

На крајот на минатата година за Владата на Заев не беше важно што според Извештајот на ПИСА учениците ни се на граница на неписменост, ниту што основците тапкаат во интелектуалниот и социјален развој и што фундаментот кои треба да обезбеди иднина за нашите деца е клинички мртов систем. Важно беше само што ќе пишува во свидетелствата за да бидеме добри со соседите.

Оваа учебна година Владата на Заев ќе ја започне уште пограндиозно. За жал, почнуваме без наставници и учители.
Очигледно е дека оваа Влада смета дека нашите деца немаат корист од образование или можеби дека едноставно не заслужуваат образование. Можеби е целта да се одржува бизнисот со трговија со ливчиња, лажни сертификати и дипломи, создавајќи млади неоспособени ниту да размислуваат.