вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 97
home Вести

Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ: Дали додека ЕУ сака да се опоравува „зелено“, нашиот Јани спие во зимски сон?

Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ: Дали додека ЕУ сака да се опоравува „зелено“, нашиот Јани спие во зимски сон?

Комисијата за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува дали додека ЕУ сака да се опоравува „зелено“, „нашиот“ Јани спие во зимски сон?

-Дали додека ЕУ сака да се опоравува „зелено“, „нашиот“ Јани плачко/спијач/зам. министер спие во зимски сон? А (БЕЗ)животната средина кој ќе ја уништува?
Европските министри за заштита на животна средина повикаа на посебно внимание за животната средина и климата, во плановите за опоравување од пандемијата. „Сега е време за борба против пандемијата, но би треало да се подготвиме за реконструкција на нашите економии со воведување на планови за одржлив напредок“ велат министрите во текстот објавен на climatechangenews.com.
„Мора да одолееме на искушението на краткорочните решенија како одговор на кризата која се заканува на повеќедецениско заробување на Европската унија во економијата на фосилни горива“ предупредуваат министрите. „Пораката која можеме да ја добиеме од актуелнава ситуација е дека мора брзо да се дејствува. Затоа, мора да ги задржиме амбициите и да ги намалиме ризиците и трошоците за неактивноста во областа на климатските промени и загубата на биодиверзитетот“, се вели во текстот.
Тие повикуваат на „заеднички европски договор“ во рамките на „Зелениот договор“, кој веќе е најавен од страна на Европската комисија, и бараат „зголемување на инвестициите особено во областите на одржлива мобилност, обновливите извори на енергија, енергетска реконструкција на згради, истражување и иновации, заштита на биодиверзитетот и кружната економија“. „Мораме да покажеме дека ЕУ ќе биде пример и во овие тешки времиња, и ќе го трасира патот кон јаглеродната неутралност и исполнувањето на Парискиот договор за климата“ заклучуваат најодговорните за животната средина во ЕУ.
Тоа се случува во ЕУ, кон која тежнеат големите продавачи на Македонија, но кај нас во однос на Екологијата, справување на „зелен“ начин со пандемијата, обновливи извори на енергија и заштита на економијата и стабилноста во државата е во однос на тоа ние ги имаме сите мерки повеќе од доволно исполнето ако прераскажуваме некој сон на Јани, ако збориме за реаланата состојба во Македонија ситуацијата е следна:
Како што поминува време, повеќето луѓе заборавија како изгледа министерот за безживотна
средина или неговиот многу популарен заменик што редовно плаче или спие по собраниските фотељи… Некои ќе заборават и кои се и како се викаат…Но, ние загриженото граѓанство кое редовно реагира по социјалните мрежи и гласно говори нема. -посочија од твитер заедницата
Ги нема властите, нема никој, се заборавија и ПМ честичките и сите останати животно загрозувачки проблеми одеднаш… ги нема со денови како што минативе 4-ри години нема МЕРКИ за заштита на животната средина.
Заменикот за (без)животна средина кој можевме да го видиме како спие низ собранието овој период го снема од видното поле на јавноста… нема повеќе причини за плачење и одеднаш го снема Јани, како што во годинешниот буџет нема пари за животната средина, го нема Јани како што нема нови садници, го нема Јани како што нема гасифицирани училишта и градинки, го нема Јани како што нема инспекција за животна средина, го нема Јани како што нема одговорност за загадувачите, го нема Јани како што нема нови урбанистички планови со 30% зеленило, го нема Јани како што нема селекција на отпад, го нема Јани како што нема мерења на загадувачите, го нема Јани како што нема филтри во РЕК, го нема Јани како што нема кој да ги регистрира, провери и санкционира исфрлањата на токсични матријали во водотоците ширум Македонија, едноставно ЈАНИ ГО НЕМА!!! -реагираат граѓаните во бура од лавини по социјалните мрежи.
А кога подобро ќе се потсетиме за време на грејната сезона која само што помина, Јани беше сеприсутен по медиумите, иако не може да се посочи дека со тоа што беше присутен по медиумите и постојано фрчеше некаква прес конференција дека се случи или спроведе некоја мерка. Тоа скраја да е, далеку било…
Јани во склоп на реагирањата на неговите партиски колеги гледа да го одржи степенот на незаинтересираност за граѓаните на Македонија на највисоко ниво и тоа му успева, исто како сега министерот за тендери Филипче, така Јани беше присутен секој ден по цел ден, на ТВ го видовме, ама мерки не се случија, ништо не се превзема и работите си останаа исти како и претходно исто како со сулфурот во екстралесното гориво…
Го имаше секаде Јани, секаде можевме да го видиме, како што секаде имаше отпад и ѓубришта, како што имаше цела зима ПМ честички, го имаше Јани како што има загадени води и реки во Македонија, го имаше Јани како бучава од дискотеките која не стивнуваше секојдневно и по малку досадно. Но, тоа ништо не смени, пациенти продолжија да починуваат од загаден воздух, загадувачите работеа, отпадни води се исфрлаа и исто беше се како претходната зима, само воздух немаше и план за справување со проблемите на граѓаните. Службата во служба на граѓаните ја снема – посочуваат од твитер заедницата.
Јани имаше и најава за План за чист воздух, еколошки проекти…
Јани сигурно уште ги има плановите и сеуште зема плата од државните пари, сите ние сеуште му го плаќаме луксузот, стандардот и од нас и нашите платени даноци, нашите пари зема плата, ама само тоа е константа во оваа равенка, реализација на плановите НЕМА, подобрување во однос на ПМ честичките или не дај боже никакви мерки за подобрување на животната средина НЕМА…
А кога станува збор за мерки за подобрување на квалитеот на (БЕЗ)животната средина, освен на ветувања, ветувања, ветувања, прес конференции исполнети со ветувања и уште малку ветувања нема на што друго да се сетиме во контекст на тоа што направи Јани…
Дали после сето ова Јани заслужува да остане на истата позиција? Дали тие што го назначија и му дадоа функција треба да останат таму каде што се или се потребни промени и обнова на државата, подобри мерки и вистински мерки во справувањето со ПМ честички, со загадениот воздух, отпадните води и сето она што е дел од уништувањето на Македонија во зелениот, во делот на животната средина… НИЕ треба да одлучиме како граѓани и да осознаеме ама и да реагираме, бидејќи доколку тоа не се случи нема промена, нема обнова и следната есен и зима не очекуваат истите (НЕ) мерки истата (БЕЗ) животна средина и повторно ќе се гушиме, ќе се труеме и ќе ни се ослабува и имунитетот и организмот на секого од нас додека пак Јани повторно ќе биде сеприсутен и повторно ќе го слушаме на ТВ како ќе ни најавува што се ЌЕ направи…
Да не оставиме на случајност, за нашите животи се работи… – реагираат по социјалните мрежи коментираат гласно граѓаните на Македонија, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Дали додека ЕУ сака да се опоравува „зелено“, „нашиот“ Јани плачко/спијач/зам. министер спие во зимски сон? А…

Gepostet von Комисија за животна средина на ВМРО – ДПМНЕ am Sonntag, 26. April 2020