понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Младите лекари, здравство базирано на потребите на пациентите, здравствена инфраструктура и вложување во човечкиот капитал ќе биде фокусот на обновата

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Младите лекари, здравство базирано на потребите на пациентите, здравствена инфраструктура и вложување во човечкиот капитал ќе биде фокусот на обновата

На трибината организирана од страна на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на која учествуваа доктор Игор Николов член на Извршниот комитет, доктор Синиша Стојаноски, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во првата Изборна единица, доктор Петар Марков, претседател на Комисијата за здравство на УМС и со вклучување онлајн доктор Хавиер Хуртадо Мира, претседател на Младинската демократска заедница на Европа – DEMYC.

Доктор Хавиер Мира со потекло од Шпанија говореше за вклученоста на здравствените работници и младите лекари во политиката, ги пренесе своите меѓународни искуства во врска со справување со коронавирусот.

Тој истакна дека е добро запознаен со ситуацијата во Македонија, како и тоа дека господинот Заев не ја извршувал добро својата работа , бидејќи како мала земја, имаме голем број на смртни случаи и многу голем број на заразени.

– Политиката на затворени граници не помага сама по себе, мора да прават масовни тестирања и PCR тестови, инаку нема да се контролира фокусот на заразата. Затоа жалосно е што социјалистите во владата во Македонија не соработуваат доволно со вашата партија. Кога вие ќе ја водите владата ќе докажете дека економијата и добрата дигитална агенда ќе му помогне и на здравствениот систем. Очекувам дека следната недела ќе се промени иднината на Македонија на подобро, порача доктор Хуртадо Мира.

Доктор Игор Николов истакна дека по статистиката бројот на медицински работници секојдневно се зголемува и тоа е загрижувачки, спроведените политики или недостатокот од истите не го даваат ветениот резултат, па бројката на млади лекари кои се илевуваат се зголемува.

-Она што ние го ветуваме е подобрување на условите за работа на младите лекари, зошто претходните две години 250 млади лекари ги заминале од државата, вели Николов.

Николов посочи дека се соочуваме со недостаток на здравствени услуги и лоша координација во здравствениот систем, која ќе биде надмината со обновата во првите 100 дена од новата влада, каде е предвидено формирање на тело за Национален Координатор за здравство и регионални координатори за здравство кои ќе ги елиминираат локалните проблеми и на тој начин ќе се намалат проблемите на пациентите, како и многу важно дигитализација на здравството, односно проект Здравство – без хартија за да ја олесниме работата и на лекарите и да ги скратиме административните процедури за пациентите.

Доктор Петар Марков истакна дека инволвирањето на младите во политиката е клучно заради воспоставување на нивна вклученост во креирање на јавните политики особено во здравството.

-Kако Комисија за здравство при УМС на ВМРО-ДПМНЕ даден е особен придонес во креирање на програмата за обнова на Македонија, каде се предвидени бројни проекти за младите лекари особено со предвидената Стратегија за млади лекари којашто ќе развие методологија и правци за актикулирање на концептите за да се вратат младите или да останат да работат во Македонија, вели Марков.

Доктор Синиша Стојаноски посочи дека процесот на издигнување на здравствениот систем во Македонија е двонасочен процес, затоа политиката треба да биде во дослух со здравствените работници, пациентите, младите лекари, специјализантите и младите специјалисти кои се иднината на здравствениот систем мора да бидат интегрирани, зошто малдите луѓе и студентите знаат и моѓат да дадат особен импут во креирање на добри јавни здравствени политики.

-Не смееме да застанеме на едно ниво, со обновата мора да работиме на континуирано инвестирање на знаењата на младите лекари, она што го предвидува проектот е обнова е зајакнување на јавното здравство со рамноремен регионален развој, со изградба на нови и реновирање на постоечки Клинички центри, подигнување на квалитетот на услугите, односно здравство базирано на пациентите, порача доктор Стојаноски.

Коронавирус