петок, 4. декември 2020. Вести денес: 100
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Министерството и министерот Филипче да пристапат сериозно кон пораките кои што доаѓаат од СЗО во врска со коронавирусот

Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Министерството и министерот Филипче да пристапат сериозно кон пораките кои што доаѓаат од СЗО во врска со коронавирусот

Пораката која што ја упати Светската здравствена организација до министерот за здравство е дека послабо организираните здравствени системи се под силна закана од епидемијата со вирусот Корона, која се шири со голема брзина, реагираат од Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

Во целост ви ја пренесуваме реакцијата на комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ:

Додека останатите здравствени системи на земијте од ЕУ се подготвуваат за ударот од епидемијата со Корона вирус, здравствените власти треба наместо смирувачките пораки да дадат информации дали е во функција Центарот за управување со кризи и кои се насоките од таму?

Епидемијата со Корона вирусот е присутна во повеќе европски земји меѓу кои покрај Франција, Германија и Финска, наскоро се проценува дека истиот ќе се појави во Италија, како и соседните земји Грција и Бугарија.

Министерството за здравство треба да одговори на повеќе прашања:

1. Дали Клиниката за инфективни болести во Скопје е во можност да прифати СИТЕ пациенти (адултни и педијатриски) кои што се со слична симптоматологија како грип и Корона вирус, а се вирусни инфекции кои што имаат идентичен начин на трансмисија?

2. Дали се упатени насоки за сите здравствени работници во Скопје и во земјата како да се однесуваат при појава на пациент со сомнение за корона инфекција?

3. Што се случува со сите оние патници кои што се враќаат од Кина а слетуваат на аеродромите во Софија, Белград, Приштина и Солун, па потоа преку граница се враќаат во Македонија?

4. Дали останатите профили имаат насоки како треба да се однсуваат, тоа се возачите, цариниците на граничните премини кои можат да бидат дел од трансмисијата на епидемијата? Дали единствено термалната камера на двата аеродрома е доволна?

5. Дали увозот на животни е обезбедени?

Апелираме до Владата и до Министерството за здравство, како и до министерот Венко Филипче како најповикан за подоготовка на капацитетите за справување со оваа закана која што се наближува, да пристапат сериозно кон пораките кои што доаѓаат од СЗО и да се ангажираат без одложување да го активираат здравствениот систем за ударот кој што не очекува од епидемијата со новиот Корона вирус.

Коронавирус