сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за труд и социјална политика: Покачувањето на минималната плата е популистички чекор во период кога СДСМ се поврзува со повеќе коруптивни случувања во државата

Комисија за труд и социјална политика: Покачувањето на минималната плата е популистички чекор во период кога СДСМ се поврзува со повеќе коруптивни случувања во државата

Покачувањето на минималната плата е популистички чекор во период кога СДСМ се поврзува со повеќе коруптивни случувања во државата. Оваа Влада која го осиромаши народот со криминалната приватизација во 90-те години, која нема визија и план за контиуиран и системски развој на економијата, која создаде ограмна невработеност- рекорд во Европа, Влада, која за 3 години со погрешните трудови и социјални политики успеа да исели повеќе граѓани од земјата отколку за последните 30 години, сега со административни мерки прави хаос во однос на платите на работниците и тоа на онаа група најсиромашни кои едвај врзуваат крај со крај и со 12 500 денари всушност се дел од армијата на сиромашни во државата, велат од Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали спроведувањето на оваа погубна политика на плати е направена со издржана анализа? Дали се консултирани работодавачите и дали тоа ќе значи нови отпуштања од работните места или затварање на фирмите? Зошто покачување за две илјади денари, а не за три? Дали тоа ќе значи верижно покачување на платите во вертикала кај сите останати нивоа на вработени ако се зголеми минималната плата на овој начин од „ракав“? Секако дека не, бидејќи праксата тоа досега го покажа.
ВМРО – ДПМНЕ стравува дека и понатаму ќе продолжи погубната пракса на префрлање на пари на трансакциска сметка, а потоа работниците дел од парите ќе ги враќаат на работодавчите откако ќе ги извадат од банкомат. Платите треба да растат и тоа почна да се случува во времето кога ВМРО-ДПМНЕ го донесе за прв пат во историјата на Македонија, Законот за минимална плата, но покачувањето треба да биде врз основа на развојна економска платформа, која подразбира емономски раст и развој, силни компании и успешни работодавачи, кои ќе ги мотивираат и наградуваат вработените. Минималната плата требаше да расте, и досега, стои на нивната Фејсбук страница и се додава:

„Наместо тоа, во пракса имаме економски колапс, пропаст на малите и средните фирми, права од работен однос предвидени во колективни договори, особено во јавниот сектор кои не се почитуваат, а вработените за очигледни и неспорни права мора да тужат и добиваат, но тоа колку дополнително ја оптоварува држаната каса. ВМРО- ДПМНЕ откако ќе ја презеде власта ќе работи на континуирано покачување на платите во приватниот и јавниот сектор. Реално покачување не само на минималната плата, туку овозможување на континуиран домино ефект на покачување на платите во сите нивоа и работни позиии, со што реално ќе расте и просечната плата во државата. Економски раст кој ќе отвара нови работни места. Целосна примена на законските одредби за сите вработени и стопирање на погубниот процес на иселување, како и платформа за враќање на веќе заминатите луѓе од земјата. Работници во Македонија, доста веќе ве лажат и ве злоупотребуваат. Дојдено е времето за реална обнова на вашите права и достоинство во трудот. Работодавачи, доста веќе ве рекетираат и оптоваруваат со погубни даночни политки и економски мерки. Бизнисот во Македонија треба да биде моторот на севкупниот раст и развој во земјата! Не дозволувајте „правиот пат“ да не однесе во пропаст!“.

Коронавирус